Кремљ смета дека со одлуката на Велика Британија да се повлече од ЕУ доаѓа турбулентно време за унијата, но директни паралели со колапсот на Советскиот Сојуз во оваа ситуација не можат да се направат.
„Русија е земја која помина низ многу тежок период во својата историја, помина низ распадот на Советскиот Сојуз. Многу генерации јасно го паметат периодот на распад на Советскиот Сојуз, тој период на неизвесност. Се разбира, би било неразумно да се прават директни паралели, но евидентно е одредено турбулентно, нејасно и непредвидливо време, а ние знаеме дека во историјата на различни држави има такви времиња “, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
Тој нагласи дека Русија е заинтересирана „европскиот простор да биде стабилен, брзо да се развива, предвидлив и подготвен за соработка со Русија“.
Исто така, Песков изјави дека Кремљ се залага за заживување на односите со Велика Британија.
„Дали Велика Британија ќе биде во состав на ЕУ или не, тоа не ја исклучува билатерална димензија на нашите односи. Ние традиционално се залагаме за заживување на нашите односи, за обнова на односите во оние области во кои Британците ги прекинаа“, рече портпаролот.
Како и да е, „ЕУ беше и останува главен трговски и економски партнер на Русија, затоа Русија ќе продолжи и понатаму да се концентрира на градењето добри и заемно корисни односи и со ЕУ и покрај сите разлики, и со земјите-членки на ЕУ поединечно“, рече тој.
Притоа Песков смета дека е преурането прашањето дали РФ ќе склучува со Велика Британија посебен договор за трговско-економска соработка во случај да излезе од ЕУ. „Какви правните акти и договори ќе се склучат, на ова прашање сега нема да ви одговорат ни во Лондон, ни во Брисел, а згора на тоа ни ние засега нема да можеме да одговориме на овие прашања во Москва“, изјави Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче