Слуцки: Англичаните ја исвиркуваа химната на Русија

Селекторот на руската фудбалска репрезентација Леонид Слуцки го критикуваше однесување на англиските навивачи на натпреварот против Русија.

Селекторот на руската репрезентација во фудбал Леонид Слуцки во предвечерието на вториот натпревар од Групата Б на Европското првенство во фудбал меѓу Русија и Словачка го критикуваше однесувањето на англиските навивачи во текот на мечот од 1 коло меѓу Русија и Англија, пренесува „Спорт Експрес“.

„Во текот на изведувањето на химната на Русија, се слушаа свирежи од страна на сите навивачи на Англија. Ние го сметаме тоа за најгрубо кршење на сите етички норми. Некој оди на Евро 2016 да гледа фудбал, а некој да се истакне преку некултура. Навивачите низ целиот свет се повеќе или помалку исти“, изјави рускиот селектор.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња