УЕФА: Условна дисквалификација за Русија до крајот на Евро 2016

Рускиот фудбалски сојуз нема да се жали на одлуката на Дисциплинскиот комитет на УЕФА, соопшти министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко.

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) условно ја дисквалификуваше репрезентацијата на Русија до крајот на Евро 2016 во Франција поради нередите направени од навивачите по натпреварот со репрезентацијата на Англија. Ова во вторникот, 14 јуни, беше објавено на официјалната веб-страница на организацијата, пренесува „Лента.ру“.

Покрај тоа, на Рускиот фудбалски сојуз (РФС) му е изречена глоба во износ од 150 илјади евра. Русите имаат право на жалба.

УЕФА истакнува дека може да примени санкции само за однесувањето на навивачите во рамките на стадионот. Во случај на повторување на слични инциденти, на Русија ќе ѝ биде одземено правото на понатамошно учество на ЕВРО 2016.

Рускиот фудбалски сојуз нема да се жали на одлуката на Дисциплинскиот комитет на УЕФА, соопшти министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко, пренесува ТАСС.

Од своја страна, официјален Кремљ повика „Да навиваме за нашите пристојно!“, апелираше портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков. Истовремено, тој изјави дека заштитата на интересите на граѓаните на Русија „се обезбедувала и ќе се обезбедува од страна на дипломатите и конзуларните претставници, што и се случува во моментов“, соопштува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња