Видео: Тепачка меѓу руските и англиските навивачи во Марсеј

Тепачката се случила во петокот вечерта во еден од локалните барови.

Видео од вчерашната тепачка меѓу руските и англиските фудбалски навивачи во Марсеј е објавено на интернет, пишува РИА „Новости“.

Тепачката се случи во петокот вечерта во еден од локалните барови. Од видеото се гледа дека учесниците во настанот користеле и столчиња и факели.

Се дознава дека улицата на која се тепале навивачите била блокирана од 200 полицајци кои употребиле и солзавец против најагресивните навивачи.

За смирување на ситуацијата многу придонеле и припадниците на Министерството за внатрешни работи на Русија кои се наоѓаат во Марсеј – тие успеале да ги изведат навивачите на руската репрезентација од местото на тепачката.

Подоцна беше објавено уште едно видео од судир кој се случил претходно во текот на вчерашното попладне.

Вечерва во 21 часот на стадионот „Велодром“ ќе се одигра натпреварот меѓу репрезентациите на Русија и Англија во рамките на Групата Б на Европското првенство во фудбал 2016.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња