Возбудата расте меѓу руските фудбалски навивачи пред почетокот на Европското првенство во фудбал во Франција кое почнува денеска, 10 јуни.
Момците на Леонид Слуцки ќе ги почнат натпреварите во групата Б на 11 јуни против талентираната млада репрезентација на Англија на стадионот „Велодром“ во Марсеј. Руските букмејкери не се особено големи оптимисти во врска со шансите на нивниот тим за трите поени – Русија има коефициент 4-6 за победа, додека фаворитот во групата Англија е со 1-9 за победа.
„Јасно е дека овој тим (Англија) е еден од фаворитите на Евро 2016“, изјави Слуцки за „Спорт Експрес“ на 4 јуни, додавајќи дека е импресиониран од напаѓачките можности и длабочината на квалитетот на Англија. „Многу повеќе сега сум загрижен од прашањето дали ќе се покажеме во оптималната состојба“.
Надежите на тимот на Слуцки, кој исто така ќе се соочи со Словачка и Велс во обидот да дојде до нокаут фазата, беа намалени поради повредите на клучните играчи, особено поради повредата на напаѓачот Алан Ѕагоев кој го пропушта турнирот во Франција.
Ситуацијата стана посложена кога играчот од средниот ред Игор Денисов се повреди во текот на пријателскиот натпревар со Србија на 5 јуни, што резултираше со задоцнетиот повик за Артур Јусупов од Зенит од Санкт Петербург.
Како и да е, на турнирот ќе се прикажат двајцата нови играчи во рускиот состав: натурализираниот бразилски голман Гилерме, кој игра за московски Локомотив од 2007 година, и руско-германскиот дефанзивен играч од средниот ред Роман Нојштетер, член на бундеслигашот Шалке 04, кој најверојатно ќе игра својот прв официјален натпревар во рускиот тим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче