На Крим подигнат споменик на „Учтивите луѓе“

Така на интернет почнаа да ги нарекуваат руските специјални сили кои учествуваа во операцијата на полуостровот во февруари-март 2014 година.

Споменик од бронза посветен на „Учтивите луѓе“ беше подигнат во саботата, 11 јуни, во Симферопол, соопштува „Интерфакс“.

„Споменикот ги симболизира силата, мирот, довербата и учтивоста на нашиот руски војник“, изјави на отворањето ополномоштениот претставник на претседателот на Русија во Кримскиот федерален округ Олег Белавенцев.

Првиот човек на Крим Сергеј Аксјонов вети дека и понатаму ќе го развива брендот „учтиви луѓе“.

Композицијата се состои од еден војник со полна борбена опрема, девојка со цвеќе и мачката која се трие до нозете на војникот. Автор на скулптура е академикот на Руската академија на науките, народен уметник на Русија Салават Шчербаков.

Терминот „учтиви луѓе“ или „зелени човечиња“ стана познат во врска со излегувањето на Крим од составот на Украина и неговото приклучување на Русија. Така на интернет почнаа да ги нарекуваат руските специјални сили кои учествуваа во операцијата на полуостровот во февруари-март 2014 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња