Русија работи на авион-ловец од шеста генерација

Рускиот ловец од шеста генерација ќе биде хиперзвучен. Првиот негов лет се очекува по 2020 година, изјави раководителот на дирекцијата за програми за воената авијација на Здружената корпорација за производство на авиони (ОАК) Владимир Михајлов.

„Пробниот модел на авионот од шеста генерација ќе го направи првиот лет пред 2025 година. Ќе полета, како што планираме, не подоцна од две-три години по 2020“, изјави Михајлов, пренесува ТАСС.

Тој соопшти дека авионот ќе биде со еден пилот, суперманеварски, мултифункционален, а неговата брзина ќе мое да достигнува неколку махови.

„Авионот ќе има кабина, но притоа ќе може да лета како со пилот во неа, така и без него, односно тој ќе биде спој од пилотирана и беспилотна варијанта“, изјави Михајлов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња