Дамаск: Сириската војска со руска поддршка успешно напредува кон Рака

„Во Алепо ќе дојде до решавачката битка и победата во неа ќе го означи поразот на сите терористички формации“, смета сирискиот амбасадор во Русија.

Сириската војска со поддршка на Русија успешно напредува кон таканаречената престолнина на „Исламската држава“ во Рака, повеќето терористи се веќе ликвидирани, изјави сирискиот амбасадор во Русија Ријад Хадад.

„Сириската армија напредува кон Рака. Во моментов се наоѓа на околу 20 километри од градот Атика. Сето ова се случува со поддршка на Руската Федерација. Што се однесува до терористичките сили, тие ги напуштат своите позиции. Особено претставниците на „Џебхат ан-Нусра“ и ИД, кои главно ги ликвидиравме“, изјави Хадад, а пренесува „Взгљад”.

Амбасадорот исто така соопшти дека во најскоро сириската армија ќе започне да напредува кон Алепо.

„Благодарение на поддршката на руската авијација, градот ќе се ослободи од терористите“, рече амбасадорот на Сирија во Русија.

„Во Алепо ќе дојде до решавачката битка и победата во неа ќе го означи поразот на  сите терористички формации“, смета амбасадорот.

Сирискиот дипломат објасни дека генералите на сириската армија кои се борат на теренот не соопштуваат ништо за воените планови. Сепак, според Хадад, „во најскоро време ќе биде претставен план за ослободување на Алепо“.

Пентагон објави вчера дека регистрира движење на сириската армија кон Рака. Претставник на Стејт департментот на САД изјави дека влегувањето на владините сили во Рака ќе биде само малку подобро нешто од присуството на терористите на ИД во градот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња