„Се разбира, во долгорочна перспектива тоа е целта на сите западни земји. Како што ние никогаш не го признавме „незаконското присоединување“ од страна на Советскиот Сојуз на трите балтички земји - Естонија, Латвија и Литванија, така никогаш нема да го признаеме „незаконското присоединување“ кон Русија. Но притоа исто така ќе препорачам да не се прави од тоа неодложен приоритет. Тој постои, тоа е прашање кое ќе продолжи да постои, но во овој момент потребно е да се концентрирате на други прашања: на реформите, на целосната имплементација на „Минск 2“ и така натаму“, изјави Расмусен, пишува „Взгљад“.
„Мислам дека Украинците направија што можеа да ја исполнат „Минската спогодба“. Но, може да се помисли дека во украинскиот парламент многу резервирано се однесуваат спрема децентрализацијата сѐ додека не се случи имплементацијата на „Минската спогодба“, вклучувајќи целосен прекин на огнот, повлекување на „руските војници и воената опрема“. Ова е како спорот за јајцето и кокошката. Мислам дека овој напредок треба да се одвива паралелно“, рече Расмусен.
„Жал ми е за едното, и за другото. Децентрализацијата на Украина е многу важна, но, исто така, и безбедноста на исток е многу важна, Украинците треба да добијат целосна контрола над границата меѓу Украина и Русија. Може да се помисли дека украинските политичари не сакаат да напредуваат“, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче