Американски амбасадор: Многу ја сакам Русија

Амбасадорот на САД во Москва Џон Тефт во текот на комунијацијата со корисниците на социјалната мрежа „ВКонтакте“ призна дека му се допаѓа да живее во Русија.

„Секогаш многу ми се допаѓало да живеам и работам во Русија - и кога бев заменик-шеф на мисијата во Москва 1996-1999 година, и сега, кога се вратив во Москва како амбасадор на САД“, напиша тој на страницата на американската амбасада  на „ВКонтакте“.

„Многу ја сакам Москва, особено прекрасните можности за културен живот“, истакна Тефт. „Но јас и со големо задоволство патувам по Русија. Минатата година престојував во Владивосток, Санкт Петербург и во Карелија, Екатеринбург, Самара, Тулската област и во Јарославл“.

„Во текот на таквите патувања особено ја ценам можноста да комуницирам со Руси од најразлични сфери на животот и од најразлични руски региони. И, се разбира, со големо задоволство ги вкусувам јадењата на локалната кујна“.

Сегашниот амбасадор на САД претходно исто така има изјавено дека ги сака јадењата на руската кујна, особено руските пељмени со павлака.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња