Викторија Нуланд пред враќањето во САД се најаде пељмени во Москва

Помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд по разговорите во Русија и пред полетувањето за САД јадеше пељмени во еден московски ресторан, соопшти портпаролот на американската амбасада во РФ Вил Стивенс.

„Нуланд не може да ја посети Москва а да не намине во нашиот омилен ресторан во кој служат пељмени“, напиша Стивенс на својот Твитер.

Објавата е проследена со фотографија на која Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Русија Џон Тефт се со пељмени на своите вилушки.

Помошничката на Џон Кери во Москва разговараше со помошникот на претседателот на РФ Владислав Сурков и заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков. Како што изјави Нуланд, разговорите беа конструктивни, а се однесуваа на украинската криза и билатералните односи, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња