Лидерите на државите во Кремљ ќе пристигнуваат со хеликоптер

Хелидромот кој се наоѓа на територијата на Кремљ може да се користи и за превоз на лидерите на другите држави.

Хелидромот кој се наоѓа на територијата на Кремљ може да се користи и за превоз на лидерите на другите држави, соопшти шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Владимир Кожин.

„Овој хелидром првенствено ќе го користи претседателот на Русија. Меѓутоа, не е исклучена можноста и странските државници од аеродромот во Внуково да доаѓаат со хеликоптер во Кремљ“, додаде тој.

Кожин посебно истакна дека користењето на хелидромот нема негативно да влијае на спомениците на архитектурата во Кремљ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња