Во Русија вештачкото оплодување стока започнало 20 години пред САД и Европа, а овој метод на оплодување на домашните животни е воведен дури во средината на триесеттите години од минатиот век. Иљја Иванов бил пионер во ова поле. По школувањето во Париз, тој во Русија соработувал со првиот руски добитник на Нобеловата награда Иван Павлов и уживал финансиска поддршка од властите. До 1914 година вештачкото оплодување овозможилo појавување на речиси 7.000 здрави коњи.
Следната цел на амбициозниот биолог била вкрстување меѓу видовите. Започнало успешно со вкрстување на видови стока, но набрзо се дошло до идеја да се вкрстат луѓе и мајмуни. Секако, во павославна Русија тоа никако не можело да помине, но советската власт, напротив, сакала да ја искористи науката како средство за уривање на религиските ставови, кои во тоа време сé уште биле длабоко вкоренети во свеста на рускиот народ.
Во 1924 година Иванов му испратил писмо на Анатолиј Луначарски, советски народен комесар за образование, во кое барал финансирање за своите експерименти, а приложил и писма од Пастеровиот институт, кој на Иванов му дозволил да користи шимпанза од одгледувачницата во Француска Гвинеја. Луначарски ја отфрлил оваа понуда, но во 1925 година Иванов добил поддршка од Николај Горбунов, висок советски чиновник и поранешниот личен секретар на Ленин. Иванов добил финансиска помош во вредност од 10.000 американски долари, а во советскиот печат се објавувале статии за неговиот проект. Очигледно е дека научникот немал никакви морални дилеми. Само сакал да влезе во учебниците како творец на нова раса.
Во 1924 година Иванов во Гвинеја започнал оплодување на мајмуни. Сперма земал од непознати мажи од околината. Но, Иванов исто така сакал да оплоди африкански жени со сперма од мајмун, и тоа без нивна дозвола, што француската власт решително го одбила. Французите само му помагале на Иванов да ги префрли мајмуните во Сухум во Грузија каде била подигната уште една експериментална фарма.
Илја Иванов
ВикипедијаСоветската академија на науките експериментите на Иванов над африканските жени ги осудила како неморални. Дотогаш сите женки мајмуни кои биле донесени од Африка веќе умреле, ниту една не носела потомство, останал само еден мажјак орангутан. Но, Иванов не се откажувал, сега барал најмалку 5 жени кои доброволно би се согласиле да бидат оплодени со сперма од орангутанот.
За чудо, Иванов дури и добил писмо од жена од Ленинград која била подготвена да биде дел од овој експеримент но тогаш умрел и орангутанот. Плановите да се продолжи вкрстување на човек и мајмун во Сухум пропаднале.
Освен тоа, покровителот на Иванов Николај Горбунов бил осуден за време на чистката, што го забрзало падот во немилост на Иванов. Уапсен е во 1930 година и бил осуден на 5 години прогонство во Казахстан, од каде никогаш не се вратил.
Овој стих од песната „Monkey-Doodle-Doo“ на Ирвинг Берлин се однесува на вистинска трансплантација на жлезда од мајмун која ја извел рускиот хирург Сергеј Воронов. Исто така се претпоставува дека Воронов бил прототип за ликот на професорот на Преображенски од прочуениот роман „Кучешко срце“ на рускиот писател Михаил Булгаков. Во романот се наведува дека професорот на луѓето им трансплантирал тестиси од мајмун, а тоа е она што го правел Воронов.
Како и Иванов, Воронов студирал во Франција под менторство на добитникот на Нобеловата награда Алексис Карел. Како исклучителен хирург 14 години бил личен лекар на кралот на Египет. Тука ги проучил последиците од кастрација на евнусите на кралот. Забележал дека момчињата на кои им биле отстранети тестисите кога имале 6 години биле бавни и инертни, дека имаат проблем со помнењето и дека брзо стареат. Врз основа на тоа Воронов верувал дека тестисите се главен орган одговорен за енергичноста и интелектот кај животните и кај луѓето.
Сергеј Воронов со помошта на асистемнт оперира куче. Насловната страница на Le Petit Journal Illustre, 22 октомври 1922.
Leemage/Getty ImagesКористејќи ги своите извонредни хируршки способности, Воронов почнал со трансплантација на тестиси од млади јарци и овни на стари. Во 1914 година Воронов за првпат пресадил тироидна жлезда од мајмун на 14-годишно ментално заостанато момче и тврдел дека оваа операција значително го подобрила неговото ментално здравје.
Во 1920 година Воронов ја извршил првата операција на делови од репродуктивната жлезда на шимпанзо во човечки тестиси и пациентот забележал зголемување на енергијата, подобро паметење и издржливост. Во текот на дваесеттите и на триесеттите години од минатиот век само во Франција над 500 мажи добиле мајмунски жлезди како додаток на сопствените. Меѓу клиентите на Воронов биле Харолд МекКормик, претседателот на Турција Мустафа Ататурк и францускиот премиер Жорж Клемансо. Воронов го нарекле „доктор на младоста“ и набргу се здобил со неверојатно богатство, бил опкружен со слуги и со обожавателки. Бил плоден писател и своите активности ги популаризирал во бројни книги под наслови како што е „Од кретен до гениј“.
Но, не поминало многу време, а медицинската струка ги отфрлила експериментите на Воронов. По неколку години многумина од неговите пациенти повеќе не забележувале никаков ефект од операцијата. Во 1940 година Кенет Вокер, британски филозоф и уролог, ги опишал операциите на Воронов како „мајмунска работа“. За време на Втората светска војна германските единици го опустошиле неговиот замок на француската Ривиера, а Воронов избегал во Америка. Умрел сосема заборавен во 1951 година во Луизијана. Но, методите на Воронов денес ги проучуваат медицинските стручњаци кои бараат лек против стареење и кои се заинтересирани за замена на човековите хормони. За среќа, овој пат без делови од мајмунски тестиси.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче