Ударот со пета и фудбалското вошебништво му овозможија да преживее седум години во гулаг. Голот што го даде Семак, играчот за врска на „Зенит‘‘ од Санкт-Петербург (со кој беше овозможена победата од 3:2 над „Порто‘‘ во првиот натпревар во квалификацискиот дуел од Лигата на шампионите) во Русија сѐ уште се памети како „ударот на Стрељцов‘‘. Името на овој виртуозен удар е еден од најубавите споменици на еден од најголемите руски фудбалери на сите времиња, покрај Лава Јашин и Николај Старостин.
Талентот на Едуард Стрељцов во голем дек остана неискористен, делумно заради несогласувањата со Кремљ, а делумно заради распуштениот животен стил исполнет со блондинки, вотка и диви забави. Беше Џорџ Бест пред Џорџ Бест, не многу добар пример за пролетаријатот. Стрељцов беше млада ѕвезда на фудбалското небо. Роден во 1937, на само 17-годишна возраст го доби прекарот „торпедо од Москва‘‘. Веќе во 1956 го предводеше СССР до златниот медал на Олимписките игри во Мелбурн, иако не играше во самото финале против Југославија.
Неговиот сон д ги вкрсти копјата со ѕвездата во искачување, Пеле, на Светското првенство во Шведска во 1958 не се оствари: Советската власт не сакаше да ја толерира неговата дрскост и одбивањето да се приклучи на московскиот „Динамо‘‘, клубот на КГБ и армискиот клуб „ЦСКА‘‘. Ова бунтовништво и наводното силување на една девојка за време на една забава во Кремљ, го одведоа во сибирските затвори.
За работата да биде уште полоша, младиот Едуард претходно, наводно, одбил да се ожени со ќерката на Екатерина Фурцева, влијателен партиски чиновник и единствена жена член на Политбирото. На себе навлекол толкав бес, што ни огромната популарност не успеала да го спаси од гулагот. Во текот на истрагата, полицијата наводно го натерала да потпише изјава за вина со гаранција дека ќе биде вратен во државниот тим на СССР кој се подготвувал за светско првенство. Тоа била замка.
Беше осуден на дванаесет години. Отслужи седум со тешка работа и многу фудбал. Издржа маѓесувајќи ги затворските чиновници со својата магија.
На Светското првенство во Шведска кое започна без него, домаќинот рано го елиминираше СССР и така се освети за понижувачкиот пораз од 6:0, што го имаше претпрпено од СССР две години порано, кога во репрезентацијата играше Стрељцов.
По кошмарот од гулагот, Стрељцов се врати во Москва и почна да игра за „Торпедо‘‘. Но, неговиот талент беше прекинуван од болките, кои му напоменуваа за сибирските мразови.
Го освои првенството на СССР во 1965, една година подоцна играше во Купот на шампините против „Интер‘‘. Постигна 24 гола во 38 натпревари. Умре во 53 година од животот од рак на грлото, кој веројатно се должи на лошите услови за работа. Неговиот стар тим му посвети стадион, кој до денешен ден го носи неговото име.
На тој стадион на 22 мај 2012, под раководство да Холанѓанцеот Дик Адвокат, тренираше „Зборнаја‘‘ (фудбалската репрезентација на Русија), која сега се подготвува за Европското првенство во Полска и Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче