Германската влада првпат по 2006 година одлучи да објави нова редакција на „Белата книга“ – водич за политиката за национална безбедност. Документот е изготвен од страна на Министерството за одбрана, безбедносните структури потоа воведоа одредени промени и на крајот ги формулираа и клучните промени, вклучувајќи ги и оние поврзани со Русија, но таа веќе не се смета за „партнер“, туку за „соперник“.
„Одлуката на тамошната влада да ја прогласи Русија за „соперник“ на Германија го рефлектира курсот на Ангела Меркел насочен кон потчинувањето на администрацијата на Барак Обама, а не вистинската состојба на работите“, напиша на својот профил на социјалната мрежа Твитер Алексеј Пушков.
Заменик-претседателот на Комитетот за одбрана на Советот за безбедност на Федерацијата Франц Клинцевич изјави за агенцијата РИА „Новости“ дека Русија ќе реагира на одлуката на германската влада и додаде дека Берлин практично одамна се однесува спрема Москва како спрема соперник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче