Лавров: Подготвени сме да се согласиме со вооружена мисија во Донбас

Русија е подготвена на компромис и да се согласи набљудувачката група на ОБСЕ на линија на демаркација во Донбас да добие право да носи оружје, но идејата наидува на отфрлање кај многу членки на ОБСЕ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија е подготвена на компромис и да се согласи набљудувачката група на ОБСЕ на линија на демаркација во Донбас да добие право да носи оружје, но идејата наидува на отфрлање кај многу членки на ОБСЕ, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во интервју за емисијата „Вести во сабота“ на телевизијата „Русија 1“.

Лавров потсети дека Москва го поддржа предлогот за создавање на безбедносни зони на демаркационата линија во Донбас во најалармантните реони и распоредување на дополнителен број набљудувачи на ОБСЕ, вклучително и во местата за складирање на тешка техника.

„Ние рековме дека ќе бидеме подготвен, ако тоа помогне на каузата, да се согласиме дека со одлука на ОБСЕ таа дополнителна група на набљудувачи кои ја контролираат линијата на разграничување во складиштата за тешко оружје да има право да носи лично оружје“, рече Лавров.

Тој додаде дека тоа е секогаш можно да се најде прифатлив национален состав за мисијата набљудувачи. „Овде не се работи за тоа дали да бидат ЗНД или да не бидат ЗНД, ами за тоа дека искуството од таков вид активности од страна на ОБСЕ и ООН покажува дека многу често невооружените набљудувачи се позаштитени отколку кога носат лично оружје“, рече Лавров.

Според него, „ние сме подготвени на компромис, работата зависи од останатите наши партнери“. „Веќе реков дека сме подготвени да се согласиме  со тоа овие дополнителни набљудувачи да се снабдат со лично оружје, но тоа наидува на отфрлање кај  голем број  членки на ОБСЕ“, истакна шефот на руската дипломатија.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња