Лавров: Украина треба да ги усогласи сите закони за Донбас со ДНР и ЛНР

Според министерот за надворешни работи на Русија, така е наведено во „Минската спогодба“.

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров изјави дека сите предлог-закони на Врховната Рада на Украина во врска со ситуацијата во Донбас треба да бидат координирани со раководствата на ДНР и ЛНР. Ова шефот на Министерството за надворешни работи на Русија го изјави денеска, 3 јуни, во интервју за телевизискиот канал „360“, пренесува ИА „Регнум“.

Лавров истакна дека се појавила информација дека во Врховната Рада може да биде поднесен пакет-закони кои според насловот и тематиката ќе одговараат на „Минската спогодба“, но всушност, тие ќе ја поткопаат, затоа што Киев нема намера да ги усогласи со народните републики на Донбас.

Шефот на руската дипломатија потенцираше дека Москва ќе се обрати до француските и германските колеги од „Нормандискиот формат“ со барање да се спречи донесувањето на овие провокативни предлог-закони од страна на Украина.

Лавров уште еднаш потсети дека во „Минската спогодба“ јасно е наведено дека и реформата на украинскиот устав, и законот за локални избори, како и законот за посебен статус на Донбас треба да бидат координирани со претставниците на ДНР и ЛНР.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња