Боливија ќе ја поддржи Москва околу признавањето на Крим

Боливија ја почитува и ѝ се восхитува на Русија, изјави боливискиот претседател Ево Моралес.

Претседателот на Боливија Ево Моралес изјави дека Москва може да смета на секаква поддршка во однос на можното признавање на Крим како составен дел на Русија.

„Кога станува збор за било каков вид на американска агресија против Русија, ние сме секогаш со Русија. Без оглед на тоа дали агресијата има политички карактер, економски, географски, воен - Русија секогаш може да смета на Боливија, на секаков вид наша поддршка“, изјави Моралес како одговор на прашањето дали Боливија ќе преземе дополнителни чекори кои би сведочеле за признавање на Крим како дел од Русија, пренесува „Взгљад’.

„Не се согласуваме со политиката која САД ја спроведуваат во Латинска Америка и не молчиме за тоа. Благодарение на единството на народот на Боливија, благодарение на тоа што политички се ослободивме од амбасадата на САД, а економски од ММФ, сме ни е полесно. И народот го поддржува тоа. Ние сме антиимперијалисти и со сите сили ги поддржуваме антиимперијалистичките држави. И пред сѐ ја почитуваме Русија, ѝ се восхитуваме на Русија“, додаде Моралес.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња