„Бидејќи ние (Полска) сме „гранична“ држава на НАТО, принудени сме внимателно да ја следиме политиката на Русија и нејзината воена активност која резултираше со создавање на многу опасна ситуација во Централна и Источна Европа“, изјави Вашчиковски, пренесува „Взгљад“.
Во врска со тоа, потенцираше тој, Полска како организатор на претстојниот самит на НАТО во јули сака неговите решенија да придонесат за зголемување на безбедноста на сите членки на Алијансата.
Според полскиот министер, Русија со нејзините неодамнешни дејства наводно го „минирала“ целиот систем на европската безбедносна архитектура.
Според него, армијата за Русија наводно станала главен инструмент на надворешната политика, а Калининградската област, рече министерот, е најмилитаризираната област во цела Европа.
„Врз основа на искуството на руската употреба на воена сила во Грузија, Украина и Сирија, можеме да очекуваме дека Москва и понатаму ќе продолжи сѐ повеќе да се потпира на воени средства. Убеден сум дека слабата реакција на Западот ќе ја охрабри Русија да продолжи со таквата политика. Русија и понатаму ќе ги тестира единството, посветеноста и одлучноста на НАТО“, рече министерот за надворешни работи на Полска.
Според Вашчиковски, мора да се откажат од верувањето дека меѓународните проблеми може да се решат во соработка со Русија, потребно е враќање на стратешкото и геополитичкото размислување, на традиционалните методи за обезбедување на безбедноста на територијата земјите-членки на Алијансата со помош на воено присуство.
„На Русија не ѝ се допаѓа ниту сегашните, ниту пак оние што се градат, ниту планираните бази (на НАТО), затоа што таа сака Централна и Источна Европа, односно делот кој влезе во состав на Алијансата по 1999 година, да остане регион со ниско ниво на безбедност. За да може со него, без распоредувањето на силите на НАТО и (соодветни) системи за одбрана, да игра различни политички игри. Военото присуство на Американците, а во блиска иднина и на силите на НАТО, макар и во форма на мали бригади и баталјони, ќе ги елиминира овие руските амбиции“, рече шефот на полската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче