САД загрижени од изјавата на Путин за заканата од страна на ЕвроПРО

Пентагон ја смета изјавата на рускиот претседател Путин за редуцирање на заканата од ЕвроПРО за загрижувачка, изјави заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк.

Пентагон е загрижен поради изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин за редуцирање на заканата за земјата од страна на системот ЕвроПРО. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк, пренесува „Вол Стрит Џурнал“.

„Ние би сакале да ги замолиме Русите да размислат што зборуваат, затоа што имаме намера да соработуваме со нив, доколку постои таква можност. Меѓутоа овие закани се многу проблематични и сериозно нѐ загрижуваат“, рече Ворк.

Заменикот-министер за одбрана на САД на 13 мај учествуваше во церемонијата по повод почетокот на изградбата на база за противракетна одбрана на САД во полското село Реѕиково. Според зборовите на министерот за одбрана на Полска Антониј Мацеревич, нејзината цел е одбрана на Полска и нејзините сојузници и изградбата не треба да се смета како агресија против некоја држава.

Ворк по церемонијата истакна дека „постојано се води дискусија за тоа дали да се опреми ова место со дополнителни одбранбени капацитети, но засега нема такви планови да се направи такво нешто“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.