На Русија во прашањата за проширување на противракетната одбрана на НАТО во Источна Европа ѝ се нуди не соработка, ами разговор на дадена тема, затоа Москва ќе размисли за спречување на можната закана, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува „Интерфакс“.
„Сега по распоредувањето на тие елементи за ПРО ние ќе бидеме принудени да размислиме за спречување на заканите кои никнуваат во однос на безбедноста на Руската Федерација“, изјави Путин во петокот на состанокот посветен на развојот на воено-индустрискиот комплекс на РФ.
„Ние нудевме соработка, заедничка работа со американските партнери, сето тоа беше, во суштина, отфрлено. Нам ни се нуди не работа, ами просто разговор на дадена тема. Ништо конкретно, сѐ се прави еднострано, без да се земе предвид нашата загриженост. Тоа предизвикува жалење“, истакна тој.
Според зборовите на шефот на руската држава, противракетната одбрана на САД не е одбранбен систем, туку дел од нуклеарниот стратешки потенцијал на Америка изнесен на периферијата. Распоредувањето на неговите елементи во Романија и Полска рускиот претседател го нарече чекор кон разнишување на системот за безбедност во светот и старт на нова трка за вооружување.
„По едностраното излегување на САД од Договорот за противракетната одбрана, што очигледно беше прв чекор за обид да се наруши стратешкиот баланс на силите во светот, ова ќе боде втор удар врз системот на меѓународната безбедност, т.е. создавање услови за нарушување на Договорот за РСМД“, рече Путин.
Рускиот претседател додаде: „Ова предизвикува дополнителна наша загриженост, и не само наша, мислам, секој разумен човек и објективен набљудувач не може да не го разбере ова и да не извлече соодветни заклучоци“.
Путин вети дека Русија ќе ги преземе сите неопходни чекори за обезбедување и зачувување на стратешката рамнотежа на силите во светот.
„Многупати зборувавме за ова, предупредувавме, но никој не сака да слуша, никој на нашите барања за соработка во оваа насока на потребниот начин, сериозно, на професионално ниво не реагира. Па добро, ќе појдеме од тоа како што е, ќе поаѓаме од оние реалии кои што настануваат во светот во сферата на осигурување на безбедноста“, рече Путин.
Претседателот на РФ додаде: „И, се разбира, ние ќе преземеме сѐ што е потребно од наша страна да го обезбедиме, зачуваме тој стратешки баланс на силите кој е најсигурна гаранција против настанување на воени конфликти од големи размери“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче