Првиот пробен лет на прототипот на брзиот хеликоптер ќе биде реализиран, како што се очекува, на почетокот на јуни, соопшти заменикот на генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Шибитов на конференцијата за новинари посветена на претстојната изложба HeliRussia 2016, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.
Тој прецизираше дека станува збор за проект за изработка на хеликоптер способен да лета со брзина од 400 до 450 километри на час во првата фаза, а потоа и до 500 км.
Шибитов рече дека работата на изградбата на брзиот хеликоптер подразбира две програми - научноистражувачка работа за разработка на брз хеликоптер и програма за создавање перспективен комерцијален хеликоптер со маса од 11-11,5 тони.
Пробниот лет ќе биде извршен во јуни според првата програма.
Според неговите зборови спроведената анализа на пазарот покажа дека за потенцијалните купувачи е важна брзината, но дека не претставува решавачки фактор при купувањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче