Руски хеликоптер за сите

Извор: ТАСС

Извор: ТАСС

На Меѓународната изложба на хеликоптери HeliRussia-2015 која заврши минатата сабота во Москва не беше претставен голем број новитети. Но, на „смотрата на хеликоптери“ за првпат учествуваше компанијата HeliWhale од Кемерово во Сибир, која го претстави суперлесниот хеликоптер Афалина. Конструкторите на новото летало ги истакнуваат неговите уникатни карактеристики, додека стручњаците се сомневаат во идејата дека тоа е „хеликоптер за сите“.

Суперлесниот двоседен повеќенаменски хеликоптер Афалина стаса на московската изложба без носечкиот ротор. Како што објаснија конструкторите на компанијата, тие решиле своето „чедо“ најпрво да го изложат на судот на стручната јавност за да добијат конструктивна критика, а потоа, во согласност со сугестиите, да го финишираат леталото. 

Но, токму носечкиот ротор (Афалина има коаксијална шема на распоред на елисите, односно тие се наоѓаат на иста оска и се вртат во спротивен правец) претставува суштинска иновација на HeliWhale. Обично се смета дека коаксијалната конструкција на роторот е доста сложена за производство, за одржување и за ремонт, иако за хеликоптерите од лесна и од суперлесна класа таа е оптимална. Кај ваквиот распоред на елисите со леталото полесно се управува во планините, постабилна е на странични удари на ветрот, прави помалку шум, покомпактна е и не е потребна голема површина за полетување и за слетување. 

Брзо „дете“ 

Конструкторите на Афалина тврдат дека нивниот хеликоптер има принципиелно нов систем за управување со коаксијалниот носечки ротор (новиот изум веќе го имаат патентирано) и дека благодарение на тоа се постигнува значително поголема брзина. 

Мотор: Rotax 914 UL (115 коњски сили). 

Основна тежина (празен): 260 кг 

Полетна тежина: 495 кг 

Максимална брзина на летот во близина на земјата - 250, брзина на крстарење – 200, практичен плафон на летот – 3.000 м, должина на летот без дополнително земање гориво – 700 км, потрошувачка на гориво во режим на крстарење - 18-22 литри на час, обем на резервоарот - 60 литри.

Да додадеме дека Афалина користи обичен бензин за автомобили (најмалку 95 октани). Сето ова, заедно со системот за греење и за вентилација во кабината, како и ниска стартна цена (120 илјади долари), би требало, според замислата на неговите производители, да го намалат овој модел привлечен за потенцијалните купувачи: Министерството за вонредни состојби, фармерите, школите за летање, спасувачките и медицинските служби и други. 

Фабриката за производство на суперлесни хеликоптери е веќе изградена во Кемерово со план да произведува 10-15 хеликоптери годишно. Купувачите ќе го добијат леталото во облик на пакет делови како модел за самостојно склопување. Ова е предуслов за постигнување ниска цена на хеликоптерот и начин брзо да се премине на сериско производство. 

„Летала од ваква класа повеќе никој не произведува, дури и двоседниот Robinson е потежок од Афалина, и, во суштина, користи сосема поинаква техника“, вели за „Руска реч на македонски“ генералниот директор на компанијата HeliWhale Јаков Колесник. „Американскиот Robinson, освен тоа, е двапати поскап: двоседниот чини 300 илјади долари. Нашиот хеликоптер со увезен мотор (засега го имаме Rotax) чини двојно помалку. Бараме домашни мотори кои би можеле да ги заменат увозните. Има квалитетни мотори од руско производство и можно е да преминеме на нив. А, инаку, хеликоптерот нема ниту еден друг увозен дел. Го правевме сами, од нула“, изјави Колесник. 

Наскоро засега единствениот прототип на хеликоптерот на компанијата HeliWhale ќе биде испратен на тестирање за издржливост, 

Можен ли е „народен хеликоптер“? 

Ми-14 во ново руво
Некои системи за вооружување кои пред перестројката ефикасно функционираа полека застаруваа, но немаа адекватна замена во современа Русија. Еден од тие системи е противподморничката одбрана. Со цел модернизација на противподморничката авијација во Русија, повторно ќе се произведува хеликоптерот-амфибија Ми-14.

Конструкторите на компанијата, освен на домашниот пазар, сметаат и на пазарите во Австралија, САД и Европа, тврдејќи дека веќе имаат нарачки. Ориентацијата кон странскиот пазар има едноставно објаснување. Во овие земји правилата за користење на воздушниот простор се флексибилни. Русија е една од ретките земји во која не постои слободен воздушен простор под 300 метри висина. Авионот или хеликоптерот задолжително мораат да летаат над 300 метри и да се вклопуваат во воздушниот сообраќај. Освен тоа, за леталото да стане полноправен учесник во воздушниот сообраќај, треба да мине цела процедура на сертификација. 

Заменикот на главниот уредник на списанието „Взљот“ Владимир Шчербаков се сомнева во идејата за производство на „народен хеликоптер“ во Русија. „За продолжување на реализацијата на еден ваков проект неопходни се големи инвестиции, а за да може да биде продаден хеликоптерот, ќе бидат потребни многу повеќе средства одошто е вложено во неговото проектирање и производство. Освен тоа, по продажбата потребно е да се даваат и услуги за одржување. Мала компанија нема да може тоа ефикасно да го реализира, на пример, во различни градови на Русија или во странство. Таа едноставно ќе пропадне“, смета стручњакот. 

„Пазарот на суперлесни хеликоптери е доста привлечен. Притоа не станува збор за хеликоптери за градски услови, туку за внатрешноста, кога, на пример, фармерот треба да слета некаде. Но, ние немаме инфраструктура за тоа, а и бензинот е скап. И покрај ветената ниска цена, хеликоптерот е прилично скап и, во услови кога девизниот курс се колеба, тешко дека обичен човек ќе може да си го дозволи“, уверен е Шчербаков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња