Во ООН отфрлена руска резолуција за Сирија

Четири земји во СБ ООН го отфрлија рускиот предлог за ставање на „црната листа“ на две терористички организации во Сирија.

Велика Британија, САД, Франција и Украина го блокираа предлогот на Русија да се прогласат за терористички групите кои се активни во Сирија „Арар аш-Шам“ и „Џеиш ал-Ислам“, соопшти агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на дипломати.

Предлогот од страна на Москва беше поднесен уште на 26 април и се однесуваше на вклучување на наведените терористички групи на списокот со санкции поради нивната поврзаност со „Исламската држава“ и „Ал Каеда“.

Постојаниот претставник на Нов Зеланд во ООН Џерард ван Бохемен изјави дека во Советот за безбедност имале противречни ставови спрема руската иницијатива. Како што истакнува агенцијата, за ставање на „црната листа“ антитерористичкиот комитет треба да го усвои предлогот едногласно.

Претходно советникот на Врховниот комитет за преговори (ВКП) на сириската опозиција Јаја Ариди го нарече предлогот на Русија како „форма на притисок врз ВКП“.

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин изјави дека ставањето на наведените групи на списокот со терористички влијае на преговорите за решавање на ситуацијата во Сирија. Дипломатот истакна дека „Тие (групите) не учествуваат во преговорите и не учествуваат во режимот на прекин на огнот“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња