ММФ прогнозира раст на руската економија

Според мислењето на експертите на Меѓународниот монетарен фонд, во Русија наскоро ќе почне да се обновува економскиот раст.

Според мислењето на експертите на Меѓународниот монетарен фонд, во Русија наскоро ќе почне да се обновува економскиот раст, пишува германското издание на „Дојче Виртшафтс Нахрихте“.

Изданието се повикува на полугодишниот извештај на ММФ за Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Во него се вели дека Русија може во најскоро време да излезе од рецесија и да ја обнови тенденцијата на пораст. Тоа може да се случи догодина. Засега е сѐ уште кревка. Русија страда од ниските цени на нафтата и поради санкциите од страна на Западот во услови на криза во Украина, се вели во извештајот, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.

За еврозоната ММФ прогнозира „очигледен ризик“ за економски застој. И тоа без оглед на изненадувачки позитивниот почеток на годината од економска гледна точка. Но ситуацијата може да ја расипе ограничувањето на Шенгенскиот договор поради напливот од бегалци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња