Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека Русија и Турција, без оглед на соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија, остануваат две важни земји во регионот и имаат потреба една од друга, пренесува РИА „Новости“.
„Нашата линија на однесување останува како и претходно. Русија и Турција секогаш биле соседи. Денеска ние исто така остануваме две важни земји во регионот. Имаме потреба една од друга. Инцидентот со авионот не беше постапка насочена против Русија“, изјави премиерот во интервју за телевизијата „Ал Џазеира Турк“, изразувајќи надеж за враќање на добрите односи меѓу земјите.
На прашањето дали е можно сценарио според кое Турција ќе се заложи против влегувањето на турска војска во Сирија и ќе почне да ги бомбардира турските вооружени сили од воздух, Давутоглу одговори одречно.
„Тоа е погрешно сценарио. Таа земја не е руска. Русија е постојана членка на ООН. Одлуките на ООН во врска со борбата со ИД се познати. Овде станува збор за закана за нашата национална безбедност. Ние со ниедна земја не сакаме да стапиме во конфликт, вклучувајќи ја и Русија. Порано имавме добри односи, сакаме да бидат добри и во иднина. Кога работата се однесува на националната безбедност, ќе ги преземеме сите неопходни мерки за нејзино обезбедување. Тука Русија не се судира со закана што доаѓа од ИД, ами Турција“, додаде турскиот премиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче