„Гаспром“: „Северен тек-2“ ќе ја обезбеди енергетската безбедност на ЕУ

Денес Европската унија нема јасна и разбирлива стратегија во областа на енергетиката, Европа се метка натаму-наваму, и тоа е многу опасно, изјави првиот човек на одборот на директори на „Гаспром“ Виктор Зубков.

„Денес Европската унија нема јасна и разбирлива стратегија во областа на обезбедување на енергетски ресурси. Нема никакви бројки кои би можеле да бидат наведени. Ова е многу опасно, затоа што Европа се метка натаму-наваму“, ги пренесува неговите зборови „Взгљад“.

Според зборовите на првиот човек на одборот на директори на „Гаспром“, денес Русија ѝ нуди на Европа соодветна стратегија.

„Русија ја нуди преку реализацијата на „Северен тек-2“, тоа се уште 55 милијарди кубни метри, преку конечната реализација на „Северен тек-1“, рече Зубков, додавајќи дека Русија би можела да понуди и испорака преку „Јужниот коридор“ – исто така има проекти кои би можеле да се реализираат“. Станува збор за проектите „по дното на Црното Море преку Грција, „Посејдон“ и други“.

"Русија нуди вистински проекти, реален гас, долгорочно обезбедување на енергетската безбедност на Европа“ - рече Зубков.

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов изјави на 11 април дека потрошувачката на руски гас во Европската унија може да се зголеми во долгорочна перспектива.

Раководителот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница Јанез Копач изјави на 20 април дека ЕУ од економска гледна точка нема потреба од проектот „Северен тек-2“.

Во средата еден извор соопшти дека „Гаспром“ има намера да ја започне изградбата на гасоводот „Северен тек-2“ на 1 април 2018 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња