ЕУ сака да соработува со Русија на Арктикот

Соработката со Русија за решавање на проблемите на Арктикот одговара на интересите на Европската унија, изјави шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.

ЕУ ја гледа Русија како учесник во примерот за конструктивна меѓународна соработка, изјави во средата во Брисел шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, пренесува „Интерфакс“.

„Го истакнав факот дека Арктикот е пример за регионална и меѓународна конструктивна соработка. Ние сме заинтересирани за соработка и сакаме нејзино продолжение. Тоа подразбира и соработка со Русија и другите фактори кои се заинтересирани за Арктикот, меѓу кои е и Кина“, рече Могерини на конференцијата за медиумите. 

Таа потсети дека „минатиот месец се одржаа продлабочени дискусии со министрите за надворешни работи (на ЕУ) по повод односите со Русија, и еден од принципите, за кои ние се договоривме во рамките на 28 држави е принципот на селективни односи во областите во кои постои очигледен европски интерес“.

„Арктикот не само што претставува огромен потенцијал, туку и огромен предизвик за кој треба да дискутираме заедно и на кој треба да одговориме заедно, затоа што тоа е заеднички простор. Досега соработката беше можна и ние сакаме таа да трае“, потенцира Могерини.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња