Грција во јуни ќе истапи против продолжувањето на европските санкции против Русија, изјави за РИА „Новости“ првиот заменик-министер за надворешни работи на Грција Никос Ксидакис.
„Позицијата на Грција се состои во тоа што заемните санкции ги трауматизираат европско-руските односи и не се од корист никому. Едноставно се задржува атмосферата на напрегнатост. Нашето гледиште е – санкциите треба да бидат укинати. Тоа е нашата стара позиција“, рече Ксидакис.
Според неговите зборови, Атина дискутира со партнерите за укинување на санкциите.
Според зборовите на Ксидакис, во таа насока Грција ќе продолжи да се движи и изгледа дека се менува и односот на други земји од ЕУ. „Ние бевме меѓу првите кои се заложија против санкциите и рекоа дека оваа работа треба да заврши. И изгледа дека во Европа се создава клима дека дојде време да се заврши со тоа“, изјави Ксидакис.
На прашањето дали Грција ќе примени вето во случај ЕУ да реши да ги продолжи санкциите, дипломатот одговори: „Сега е рано да се зборува за такви дејства, затоа што, како што гледате, и според изјавите на Италијанците, и на други земји, созрева (ситуацијата) дека ќе се помине без вето.
„Ќе има притисок од страна на многу земји на чии економски интереси им е нанесен удар, кои сакаат да имаат добри дипломатски односи со Русија и се движат во тој правец“, рече првиот заменик-министер за надворешни работи на Грција.
На забелешката дека има група земји кои се залагаат за продолжување на санкциите, Ксидакис одговори дека атмосферата се менува. „Атмосферата се менува. Сега едно зборуваат Грција, Шпанија, Италија, друго зборува само Естонија“, рече Ксидакис.
Тој смета дека е можно укинувањето на санкциите. „Да, тоа што го гледам – тоа е поверојатниот пат“, изјави Ксидакис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче