Долгов: Стандардите на ПССЕ се далеку од демократија

Константин Долгов, ополномоштеник на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото го коментираше на својот Твитер-профил усвојувањето на резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за воведување на тнр. „список на Савченко“.

Дипломатот констатира дека стандардите според кои се раководат европските парламентарци се двојни и се далеку од демократијата и грижата за човековите права.

„А казнувањето на лицата вмешани во незаконски апсења на руски граѓани и убиствата на руски новинари во Украина, тоа не го интересира ПССЕ? Имаат други приоритети?  Или можеби за европските пратеници граѓаните не се еднакви?“, се прашува Долгов, пренесува „Лента.ру“.

ПССЕ со мнозинство гласови вчеравечер донесе резолуција со која се предлага ослободување на Савченко.  Во спротивен случај им се препорачува на сите земји-членки да воведат санкции преку тнр. „список на Савченко“.  Предложено е на листата да се стават лица поврзани со приведувањето и изрекувањето на пресудата за Надежда Савченко. Меѓутоа од секретаријатот на ПССЕ прецизираат дека „станува збор за апел на Парламентарното собрание“, додека конечната одлука останува „на разгледување на секоја од земјите во Советот на Европа“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња