„Се поставува прашањето каква задача имаше разурнувачот стациониран во близина на Калининград. Дали можете да замислите разурнувач, опремен со крстосувачки ракети чиј дострел е 2500 километри и кои можат да имаат нуклеарни глави, некаде во Њујоршкиот или Мексиканскиот залив? Ова не спаѓа во воена активност, ова е обид за вршење воен притисок врз Русија“, рече Грушко.
„Мислам дека на сериозните луѓе им е јасно дека мораат да се преземат сите мерки на претпазливост кои треба да го компензираат обидот за употреба на воена сила“, изјави Грушко.
Сепак, на состанокот на Советот Русија-НАТО на ниво на амбасадори Алијансата денес во Брисел изрази загриженост поради неодамнешниот инцидент во Балтичкото море, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче