Во понеделникот се одржа телефонски разговор меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и украинскиот лидер Петро Порошенко, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
„Во текот на разговорот се дискутираше за решението на југоистокот на Украина, тековните моменти од билатералните односи. Беше разговарано и за прашањето на Надежда Савченко, како и за судбината на руските државјани Александров и Ерофеев. Претседателите се договорија во најскоро време да биде обезбеден пристап до Савченко за генералниот конзул на Украина во Ростов на Дон“, објасни портпаролот.
Покрај тоа, Порошенко побарал пристап до Савченко и за украинските власти.
Прашањето за размена на Надежда Савченко за осудени руски државјани во Украина беше поставувано од страна на медиумите многупати. Официјалните лица не ја исклучуваа оваа можност, но сѐ беше карактеризирано како хипотеза.
Претходно во Киев беа осудени руските државјани Евгениј Ерофеев и Александар Александров на 14 години робија со заплена на имотот откако ги прогласи за виновни за терористичка дејност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче