Донецкиот градски суд на Ростовската област во вторникот, 22 март, изрече казна за лишување од слобода на поранешната припадничка на украинската војска Надежда Савченко која беше прогласена за виновна за убиството на руските новинари Игор Корнељук и Антон Волошин.
Судот ја осуди на 22 години затвор.
Савченко практично ќе треба да помине во затворска колонија 20 години и четири месеци, затоа што во истражниот затвор помина година и осум месеци, пренесува „Взгљад”.
Се наведува дека Савченко би можела да излезе на слобода во 2036 година со тоа што по 12 години, односно во 2028 година, може да биде условно ослободена.
Судот исто така ја казни Савченко со 30 илјади рубли поради нелегално преминување на руската граница.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче