Џонсон: Западот може да изврши нов напад врз Сирија

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон бара западните земји да воведат нови санкции против Русија поради нападот со хемиско оружје во Сирија, пишува „Тајмс“.

Велика Британија има намера да бара партнерите во Г-7 да воведат нови антируски санкции доколку Русија не ги раскине врските со сирискиот претседател Башар Асад, соопшти весникот „Тајмс“. Меѓутоа, Москва и Техеран истапија со ставот дека ќе дадат „одговор со сила“ на понатамошните напади на САД врз Сирија.

Шефот на МНР на Велика Британија Борис Џонсон повика да се воведат „многу жестоки санкции“ како одговор на нападот со хемиско оружје на територијата контролирана од востаниците. Документот со санкции е подготвен за состанокот на шефовите на министерствата за надворешни работи на Г-7 кој ќе се одржи во провинцијата Лука, Италија, се вели во написот.

Според Џонсон, нападот со хемиско оружје и брзата примена на сила од страна на Вашингтон, кој истрела 59 крстосувачки ракети врз сириската воздухопловна база, даваат нова можност „да се олеснат страдањата на земјата“, каде веќе шеста година се води граѓанска војна. Нападот на САД стана „јасен и единствен сигнал“ на Западот и е „многу важно што тие можат да го повторат“, смета министерот.

Џонсон сака Г-7 да истапи со заедничка изјава, да побара од Москва да престане со поддршката за „режимот на Асад“ и да ја повлече војската од Сирија, што ќе овозможи испорака на хуманитарна помош. Ако претседателот Путин одбие, против Русија ќе бидат воведени нови санкции чија цел ќе биде „сериозно да им го усложни животот“ на претставниците на власта.

И администрацијата на Трамп потврди дека ја разгледува идејата за воведување дополнителни мерки на ограничување.

Сепак, се потенцираш во статијата, високи британски функционери се сомневаат дека таа закана ќе придонесе за излез од ќорсокакот. Владата на Тереза Меј официјално не ја поддржа иницијативата на Џонсон. А неименуван поранеше дипломат изјави за „Тајмс“ дека санкциите нема да функционираат сѐ додека Западот не успее да го прекине „гасниот стисок“ на Русија во Источна Европа, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.