Претседателот на Врховната рада се залага за воведување визи за руските граѓани, соопштува порталот http://www.segodnya.ua/
„Како секретар на СНБО (Парубиј беше секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина од февруари до август 2014 година) се залагав за воведување визен режим со Руската Федерација. Мојот став остана ист, сметам дека тоа е патот по кој треба да се оди“, изјави Парубиј.
Украинскиот политичар рече дека прашањето за прекин на дипломатските односи со Русија би можело да биде разгледано по консултациите со стручњаците и дипломатите. Парубиј на местото претседател на Врховната рада дојде во четвртокот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче