Лавров: Нема да му дозволиме на НАТО да влезе во бесмислена конфронтација

Шефот на МНР РФ исто така изјави дека Москва смета на резултати од сириските преговори што се одржуваат деновиве во Женева.

Русија нема да му даде на НАТО да се втурне во бесмислена конфронтација, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров настапувајќи со предавање во МНР Монголија, пренесува ТАСС.

„Гледаме невидено уште од крајот на студената војна зголемување на воената активност, присуство на НАТО на таканареченото источно крило на Алијансата со цел вршење воено-политички притисок на Русија за одвраќање. Сето тоа е проследено со агресивна пропагандистичка кампања за демонизација на Русија“.

НАТО е „зафатено со барање непријател за да му даде смисла на своето понатамошно постоење“.

„Русија нема намера и нема да се впушта во бесмислена конфронтација и е убедена дека не постои рационална алтернатива на меѓусебно поволната  општоевропска соработка во сферата на безбедноста врз основа на принципот на неделивост на безбедноста базиран врз меѓународното право“, потенцираше Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња