Руски авиони летале покрај американски разурнувач

Американскиот разурнувач „Доналд Кук” и Вооружените сили на Полска одржувале заеднички маневри во југозападниот дел на Балтичкото море.

Руски борбени авиони во вторникот неколку пати прелетале покрај американскиот разурнувач „Доналд Кук”, соопшти „Ројтерс“ повикувајќи се на изјави на американски воен претставник.

Весникот наведува дека американскиот претставник изјавил дека два авиони Су-24 не биле вооружени, но дека симулирале напад и дека тоа бил еден од најагресивните контакти кои тој дотогаш ги видел.

Исто така, руски Kа-27 Хеликс хеликоптер исто така прелетал седумпати во близина на разурнувачот и го фотографирал.

Американскиот разурнувач „Доналд Кук” со Вооружените сили на Полска одржувал заеднички маневри во југозападниот дел на Балтичкото море. Според зборовите на воениот претставник на САД, бродот се наоѓал во меѓународни води.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња