Раководството на Министерството за одбрана на Руската Федерација и директорите на военоиндустриските претпријатија на 11 март му реферираа на претседателот на Русија Владимир Путин дека вооружените сили добиле 47.2% од новото вооружување и од техниката во рамките на државната програма за набавка за 2015 година. Какво оружје доби руската армија?
„На воената морнарица во 2015 година ѝ беа испорачани четири воени брода, четири подморници, 52 помошни бродови, 2 крајбрежни ракетни системи „Бастион“, 27 авиони за морнаричката авијација и 45 ракетно-артилериски машини“, изјави заменик-министерот з одбрана на РФ Јуриј Борисов.
Според соопштението на раководството на воената морнарица, во изминатава година руските глоти ги добиле сите планирани бродови. Во тековнава година морнарите се подготвуваат да преземат 42 пловила – воени бродови, чамци и помошни бродови, а освен тоа ќе започне и изградбата на уште 15 борбени и помошни бродови.
Како што изјави за „Руска реч на македонски“ уредникот на магазинот „Арсенал Отечества“, полковникот во резерва Виктор Мураховски, на морнарицата ѝ се испорачани две стратешки крстосувачки подморници од проектот 955 од класата „Бореј“. Тоа е „Александар Невски“ и „Владимир Мономах“ со по 16 ракети со далечен дострел Р-30 „Булава“.
Според него, во тек е моќна модернизација на Црноморската флота на РФ, зашто во изминативе две децении Русија нема посветено доволно внимание на нејзиниот развој. Се очекува дека до крајот на 2016 година морнарицата ќе добие уште две фрегати од овој вид – „Адмирал Есен“ и „Адмирал Макаров“.
„Адмирал Есен“. Игор Зарембо / РИА Новости
Според изјавата на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, стратешките нуклеарни ракетни единици на Русија во 2015 година имаат добиено вкупно 35 интерконтинентални балистички ракети, а во 2016 година пет полка ќе добијат 20 нови интерконтинентални балистички ракети „Јарс“.
Кон крајот на 2015 година современите ракетни системи сочинуваа 56% од вкупниот број на вооружувањето на стратешките нуклеарни ракетни единици. Според државната програма за набавка, модернизацијата на овие единици ќе биде во целост завршена во 2022 година.
Минатата година воздушно-космичките единици на РФ добија над 230 авиони, 158 хеликоптери, 191 радар, 4 дивизиски комплети од зенитно-ракетниот систем С-400 и над 35.000 авијатички проектили.
Според заменик-директорот на рускиот Центар за политичка и воена анализа Александар Храмчихин, за време на операцијата на руските Воено-космички сили во Сирија сите најнови ловци се тестирани во воени услови. Тој истакна дека меѓу нив биле бомбардерите Су-34, ловците-бомбардери Су-30 и Су-35.
„Во согласност со наредбата на врховниот командант нашето воено воздухопловство се повлекува од Сирија. Ние ја повлекуваме сета офанзивна авијација и во нашите воздухопловни бази оставаме четири ловци Су-35 и четири Су-30“, вели Храмчихин за „Руска реч на македонски“.
Руската пешадија доби над 1.000 единици оклопно и тенковско вооружување, 300 зенитно-ракетни системи и 3.400 возила. Според заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов, на копнените единици им се испорачани околу 22.000 средства за врска, над 650 систем за радиоелектронска борба и два бригадни комплета од оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“.
Кон крајот на февруари руската војска исто така дови дивизион зенитни ракетни системи „Тор-М2У“, кои ќе бидат ставени на борбено дежурство на источните граници на Русија.
Како што изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов, руската армија во минатата година не доби дело од вооружувањето: 15 авиони, 8 бродови, 3 ракети-носачи од типот „Рокот“ и еден погонски блок „Бриз“, како и 253 ракети со различна намена и 240 единици оклопно вооружување и техника.
Военото раководство се жали на ниското ниво на компетенција на многумина директори на военоиндустриските претпријатие, така што определени компании се парично казнети, а изработката е сега под „посебна контрола“ на воениот врв. Заменик-министерот не прецизираше што се подразбира под „посебна контрола“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче