Лик Бесон ќе сними филм за трагедијата на подморницата „Курск“

Познатиот француски режисер Лик Бесон ќе сними филм за потонатата руска подморница „Курск“.

Познатиот француски режисер Лик Бесон се обрати до претставниците на Министерството за одбрана на РФ за консултација околу снимањето на филмот за руската подморница „Курск“. Ова на 9 април го изјави началникот на Управата за култура при Министерството за одбрана на РФ РФ Антон Губанков во програмата на радиостаницата „Ехото на Москва“.  

„Се надевам дека ќе успееме да покажеме некои определени објекти, наскоро ќе пристигне голема француска делегација и заедно ќе работиме на овој филм. За нас ова е важно“, раскажа Губанков.

Нуклеарната подморница потона на 12 август 2000 година во текот на маневрите во Баренцовото море. Во катастрофата загинаа 118 морнари. Како официјална верзија на несреќата е наведено непланирано лансирање на торпедо кое повлекло со себе детонација на друга муниција и пожар во подморницата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња