Г-7: Дијалогот со Русија да продолжи, санкциите да останат

Министрите за надворешни работи на Италија и Јапонија изјавија за неопходноста од продолжување на дијалогот со Русија

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Паоло Џентилони, како и министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида изјавија за неопходноста од продолжување на дијалогот со Русија, пишува „Газета.ру“.

Ова го изјавија на средбата на министрите за надворешни работи на Г-7 која се одржува во јапонскиот град Хирошима.

Притоа тие истакнаа дека режимот на санкции против Русија треба да остане.

„Министрите за надворешни работи на двете земји се согласија во мислењата дека за подобрување на ситуацијата во Украина е неопходна потполна реализација на „Минската спогодба“ како од страна на Русија, така и од страна на Украина. Зборувајќи за односите со Русија, страните се согласија во мислењата за важноста на продолжување на дијалогот со задржување на санкциите“, се вели во соопштението на јапонскиот дипломатски ресор.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња