Владата на САД преку агенцијата УСАИД ги спонзорира новинарите кои го спроведоа истражувањето за оф-шор компаниите, но не се меша во нивната активност која не била насочена против одделни лица и земји, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.
„Тие (новинарите) добија финансирање од различни извори, влучувајќи ја и владата на САД... Се работи за организации кои добија и добиваат финансирање од УСАИД, но не за да следат одредени земји или луѓе, туку за да спроведуваат независни новинарски истражувања“, изјави Тонер, пренесува РИА „Новости”.
Тој објасни дека се работи за организацијата Organized Crime And Corruption Reporting Project (Проект за истражување на организиран криминал и корупција).
Тонер истакна дека САД претходно не знаеле за истражувањето што се вршело и за неговите резултати, затоа што не се мешаат во работата на новинарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче