Пушков: Русија не се вклопува во глобалниот либерален проект

„Со оглед на тоа дека Русија не се вклопува во глобалниот либерален проект и не е подготвена да ја прифати хегемонијата на западната алијанса, таа е избрана за предмет на конфронтација со Западот“, изјави претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни односи Алексеј Пушков.

„Сега Западот ја избра логиката на конфронтација. Треба да се каже дека оваа логика е во спротивност со објективните потреби на Европа и САД, но одговара на субјективните интереси на владејачката западна елита која сака да ја задржи хегемонијата на западната алијанса во меѓународните односи и да го прошири тнр. глобален либерален проект“,  изјави Пушков во Државната дума во текот на расправата на тема „Русија-Запад: што ќе превладее – логиката на конфронтација или логика та на соработка?”

„Со оглед на тоа дека Русија не се вклопува во глобалниот либерален проект и не е подготвена да ја прифати хегемонијата на западната алијанса, таа е избрана за предмет на конфронтација со Западот“, додаде пратеникот.

Според зборовите на Пушков, сепак постојат претпоставки за реализација на соработка. „Во прилог на тоа одат објективните потреби како на Западот, така и на нашата земја. На пример, тоа е борбата против тероризмот, што е сосем очигледно. Тоа исто така е неширењето на нуклеарното оружје, ништо помалку очигледна задача е и стабилизацијата на Блискиот и Средниот Исток. Западот во значителна мера ги уништи. Сега треба да се стабилизираат. Постои и заеднички интерес во економската соработка“, изјави Пушков.

Но, изјави пратеникот, западните лидери сѐ уште не ја сфаќаат логиката на соработката. „Тие своите цели сакаат да ги постигнат со логиката на конфронтација сега преминаа на режим на долготрајна политичка и економска опсада на Русија. Обиди за политичка изолација, обиди за економска изолација, продолжување на санкциите“, истакна Пушков, пренесува РИА „Новости”

Според неговото мислење, ситуацијата би можела да се промени по смената на западните лидери и по јакнењето на оние кругови во западната елита кои се свесни за потребата од соработка. Пушков уште еднаш истакна дека Русија се залага за соработка врз рамноправна основа, за почитување на заемните интереси, а не врз основа на наметнување врз една страна на приоритетите на друга.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња