Изјавите на претседателот на Украина Петро Порошенко, кој сакаше да се оправда за своите изјави по повод статијата во „Њујорк Тајмс“, претставуваат пример за секојдневни непринципиелни лаги, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Гледате колку е сѐ едноставно да се објасни: погрешно го интерпретирале. За 24 часа „Њујорк Тајмс“ од пропаганден весник на „хибридна војна“ се претвори во „Угледно издание“. Тоа е уште еден пример за секојдневните непринципиелни лаги. Исто е и со „Минската спогодба“, напиша Захарова на својот Фејсбук профил, пренесува „Взгљад”.
Во неделата, 3 март, претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека неговите зборови за весникот „Њујорк Тајмс“ биле едноставно погрешно интерпретирани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче