Русија и Украина не можат да се споредат по прашањата за безбедност во претпријатијата, затоа што таму „не постои ни индустрија ни држава”, изјави претседателот на руската влада Дмитриј Медведев на советувањето за развојот и перспективите на индустријата за производство на јаглен.
Како што изјави директорот на „Ростехнадзор“ Алексеј Аљошин, во програмата за развој на индустријата за производство на јаглен до 2030 година во Русија е планирано веќе во 2015 година намалување на можностите од повреда на работното место. И овој показател, спрема зборовите на Аљошин, минатата година бил најнискиот во текот на целата историја на набљудувањето од времето на СССР. Како за споредба тој ги наведе податоците на Украина кои се значително повисоки.
„Зошто во таа смисла би се споредувале со Украина? Зборувам за тоа дека таму нема ни индустрија ни држава“, изјави Медведев, а пренесува „Взгљад”.
Аљошин објасни дека ги навел податоците за Украина од 2013 година. Меѓутоа, тоа не го промени ставот на рускиот премиер.
„2013 година? Значи, имале индустрија, а државата ни тогаш не постоеше”, рече Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче