Медиум: Најлошото за руската економија помина

Руската економија покажува подобрување не само за сметка на порастот на извозот и инвестициите, но и стабилизација на потрошувачкото однесување, пишува американски „Бизнис Инсајдер“.

Последните статистички извештаи покажуваат дека најлошите времиња за руската економија поминаа. Експертите очекуваат дека по долготрајната рецесија ситуацијата во земјата во најскоро време ќе се нормализира, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Согласно објавените во петокот податоци на „Росстат“, намалувањето на БДП-то за последниот квартал на 2015 година изнесувало 3,8% на годишно ниво. Според информациите на „Капитал економикс“, реалните показатели можат да бидат многу пониски кога ќе бидат земени предвид единечните фактори како што се потрошувачкиот бум на крајот на 2014 година поради падот на рубљата. На тој начин, показателите за БДП-то се генерално позитивни, пишува весникот.

Во прилог на порастот на потрошувачката, економијата покажала и други знаци на подобрување во споредба со претходната година, како што се намалувањето на инвестициите во основен капитал и раст на извозот, пишува весникот.

"Имајќи ги предвид сите овие фактори, денешните бројки потврдуваат дека ситуацијата во руската економија во четвртиот квартал се подобрила. Податоците за првите месеци од оваа година, исто така, даваат причина да веруваме дека во извештајот за првиот квартал падот на БДП ќе изнесува само 2,5% на годишно ниво" - вели експертот за пазари во развој во „Капитал економикс“ Лиза Ермоленко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња