Порошенко пoвика на пожестоки санкции против Русија

Санкциите треба да бидат задржани до „воспоставување на украинскиот суверенитет“ и додека Русија „не го смени својот однос спрема поредокот во светот“, изјави украинскиот лидер настапувајќи во Вашингтон.

Претседателот на Украина Петро Порошенко повика санкциите против Русија да бидат зајакнати.

„Во сегашната ситуација санкциите треба да бидат пожестоки“, изјави тој, настапувајќи на Украинскиот форум во Вашингтон.

Според зборовите на украинскиот лидер, „без воспоставување на украинскиот суверенитет и без нов однос на Русија спрема поредокот во светот, санкциите треба да останат на сила“, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња