Марија Захарова ѝ одржа лекција по историја на Полска

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ја коментираше намерата на Полска да отстрани 500 советски споменици.

„Претседателот на полскиот Институт за национално сеќавање Камински изјави на 30 март дека во најскоро време во Полска се планира отстранување на над 500 советски меморијални објекти кои се однесуваат на периодот од Втората светска војна“, изјави Захарова.

Таа потоа ја критикуваше таквата позиција на полските власти.


Советските војници ѝ донесоа на Полска живот“, заклучи Захарова.  „Таквите намери сведочат за тоа дека Варшава се откажува да ги земе предвид многубројните повици до неа да покаже разумност, цивилизирано мислење, обична човечка пристојност и да ја прекинат „војната со спомениците“ насочена кон бришење од сеќавањето на полскиот народ фактот на неговото спасување од страна на Црвената армија од тотално уништување од хитлеровските нацисти“, изјави портпаролот на МНР РФ:

Портпаролот на МНР потсети дека историјата се повторува и идните генерации во Полска исто така можат да ги заборават достигнувањата на сегашните современици.

„Бараме да се зачува историјата, нејзините симболи. Реализацијата на плановите на Полска за отстранување на спомениците на Црвената армија нема да остане без реакција“, истакна Захарова, а пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња