Странски експерти, некои некомерцијални организации и медиуми се вклучија во руската изборна кампања уште пред нејзиното започнување и се обидуваат да ги возбудат политичките страсти во земјата“, изјави во понеделникот за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
„Веќе зборувавме за тоа дека, од наша гледна точка, некои општествени организации, владини организации, странски специјални служби, одделни медиуми се вклучија во изборната кампања во нашата земја уште пред самиот почеток на таа кампања. Интересно е тоа што сите кои ги набројав не престануваат со таа активност“, рече Песков.
Тие организации, „користејќи се со валкани методи се обидуваат да го дискредитираат раководството на земјата, пред сѐ претседателот Путин“, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче