За Путин би гласале 74 отсто од граѓаните на Русија

На идните претседателски избори во Русија 74 отсто од граѓаните би гласале за актуелниот претседател Владимир Путин, покажуваат резултатите на анкетата на ВЦИОМ.

Декларираната поддршка за Путин на претседателските избори во 2018 година го достигна својот максимум за четири години, сведочи анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

„Подготвеност да гласаат за Владимир Путин на следните претседателски избори на почетокот на 2016 година изразија 74 отсто Руси - максимум за четири години (пораст од 40 отсто од ноември 2012 година). Притоа, дури и меѓу оние кои сметаат дека претседателот сѐ уште не ги исполнил своите предизборни ветувања, 70 отсто се подготвени да го поддржат Путин. Против негова кандидатура во моментов се подготвени да гласаат 15 отсто, додека 11 отсто не одговориле на ова прашање“, се наведува во соопштението на ВЦИОМ.

Русите наведуваат дека сѐ повеќе ветувања кои Путин ги дал во текот на предизборната кампања во 2012 година се исполнуваат.  

„Така од почетокот на 2013 година бројот на испитаници кои сметаат дека претседателот веќе исполнува поголем дел од нив порасна двојно (од 16 отсто на 37 отсто). Во март 2012 година (една недела по изборите) слични прогнози даваа исто толку испитаници (37 отсто)“.

Анкетата е спроведена на 23-24 јануари на 1,6 испитаници во 130 населени места во Русија. Статистичката грешена не надминува 3,5%, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња