По конфликтот со Русија состојбата на турската економија стана незавидна, затоа што таа од 2002 година е премногу врзана за рускиот гас и нафта, пишува весникот и додава дека притоа Турција многу малку ја интересирало тоа што врските со другите земји во областа на енергетиката се многу слабо развиени, пишува „Оилпрајс“.
Надевајќи се дека на тој начин ќе ја намали зависноста од РФ, Турција потпиша договор за испорака на гас со Катар. Анкара по тој повод се реши на голем ризик, затоа што гасоводот што ги спојува двете земји првин треба да поминува преку Сирија, Ирак и курдските територии.
Турција сметаше дека Дамаск и Курдите ќе претрпат пораз во сирискиот конфликт и дека распоредот на силите во регионот ќе се смени. Истовремено, за да ги реализира своите цели, Анкара не се плашеше и од јакнење на врските со терористичките групации, вклучувајќи ја и „Исламската држава“.
Меѓутоа, по успешното завршување на операцијата на руските ВКС во Сирија џихадистите доживуваат порази едноподруго, а противниците на Анкара сѐ повеќе ги зајакнуваат своите позиции. Русија ги наруши и онака кревките планови кои Турција ги градеше во областа на енергетиката, нагласува весникот и додава дека со руската воена операција и зајакнувањето на режимот на Башар Асад проектот за гасоводот Турција-Катар е завршен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче